26. May 2010 11:29 Дваесет и седма седница на Совет

Седницата ќе се одржи  утре во кружната сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 10 часот. На дневен ред ќе се најдат 12 точки, а се очекува најинтересна да биде расправата за задолжување на Општината.

Дваесет и седма седница на Совет

 Дневен ред:    

1.Предлог – Одлука за отпочнување процедура за долгорочно задолжување на Општина Куманово;

2.Извештај за работа на ЈП „Куманово – гас “ - Куманово за 2009 година;

3.Информација за превземени мерки и активности во текот на првото тромесечие од 2010 година, од страна на ПС од ОН  Куманово;

4.Информација за сосотојбите со ученици со посебни потреби во основното образование во Општина Куманово;

5.Предлог - Одлука за давање на трајно користење на движни ствари;

6.Предлог – Решение за давање на согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на Ј.П. „Чистота и зеленило“  Куманово;

7.Предлог – Решение за давање  согласност на Одлуката за утврдување на цени на саксиско цвеќе, резано цвеќе, пропратен материјал  и на сезонско цвеќе од сопствено производство кои ќе се продаваат во продавница на Ј.П. „Чистота и зеленило“  Куманово;

8.Предлог – Решение за давање  согласност на Одлуката за утврдување на цени на дополнителни услуги кои ги врши РЕ Чистота при  Ј.П. „Чистота и зеленило“  Куманово;

9.Предлог – Решение за давање  согласност на Одлуката за утврдување на цени на дополнителни услуги кои ги врши РЕ Гробишта при  Ј.П. „Чистота и зеленило“  Куманово;

10.Предлог – Решение за давање  согласност на Одлуката за утврдување на цени на дополнителни услуги кои ги врши РЕ Зеленило при  Ј.П. „Чистота и зеленило“  Куманово;

11.Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Благој Стефковски - Гојчо”, У.Б. 45 – Општина Куманово;

12.Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Гоце Делчев”, У.Б. 29, плански опфат помеѓу ул. „Лесковачка“, ул. „АВНОЈ“, ул. „222“, ул. „2001“, ул. „111“ – Општина Куманово.