03. May 2010 16:46 Фуере во Куманово по повод Денот на Европа

 "Македонија на патот кон ЕУ –предизвици и дилеми" беше темата на панел дискусијата што ја организираше Секретарот за меѓународна соработка и евроинтеграции и Европското движење на Република Макеоднија во Куманово.Трибината се релизира по повод 9-ти мај денот на Европа.

Фуере во Куманово по повод Денот на Европа

 На манифестацијата беше присутен и специјалниот претсавник и шеф на делегацијата на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере.

 Многу сум задоволем што и Општината Куманово се вклучи во одбележување на Денот на Европа.Претходно се запознавме со тековните активности во Општината кои се овививаат во добра насока – истака евроамбасадорот Фуере.

На панел дискусијата во Куманово говореше Димитар Мирчев почесен претседал на европското движење кој истакна дека 2010 година е посветена на одбележувањето на 60-годишнината од Шумановата декларација за обединета Европа.

Трибината во Куманово е прилика да се рекапитулира досегашниот пат на Македонија кон ЕУ за кој мислам дека во основа нема веќе неповолни околности- рече Мирчев.