22. Apr 2010 14:40 Годишно собрание на ЛДП

 Општинска организација на ЛДП утре ќе одржи редовното четврто годишно Собрание.

Годишно собрание на ЛДП

 На Собранието ќе присуствува претседателот на ЛДП Јово Манасијевски, генералниот секретар Дуфе Куковски, претставници од коалициони политички партии во Куманово и 150 делегати, гости од општински организации на ЛДП Крива Паланка, Кратово и Свети Николе. Собранието ќе се одржи  со почеток во 18:30 часот во големата сала на Комитет.

 На дневниот ред ќе биде извештај од работата на ОО на ЛДП КУманово во изминатиот период, усвојување на стратегија и насоки за понатамошно делување на ОО на ЛДП Куманово во наредниот период 2010 - 2014 како и кооптирање на членови на ЛДП во Општински Одбор на ЛДП Општинска Организација Куманово - најави претседателот Драган Јаневиќ.