06. Nov 2011 13:05 Градоначалникот со честитка за Курбан Бајрам

 Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски упати честитка до граѓаните, кои го слават муслиманскиот празник Курбан Бајрам.

Thumbnail

 Нека радоста на овој голем празник во нашето општество богато со различности, уште еднаш ја потврди и афирмира определбата кон исти вредности, меѓусебно разбирање и почитување. Им посакувам на сите припадници на муслиманската вероисповест празникот да го поминат во мир и со добро здравје , во кругот на своите семејства , пријатели и сограѓани.