21. Sep 2011 10:27 Информативен ден за ЛЕАП програмата

 Утре во кружната сала на зградата на Комитет ќе се одржи информативен ден, по повод отпочнување на изработката на ЛЕАП стратегијата на Општината Куманово.

Thumbnail

Активноста е дел од проектот „Заедно градиме мулти-еко доверба„, кој Општината Куманово го имплементира во соработка со Општината Старо Нагоричане, а во рамките на програмата за меѓуопштинска соработка на УНДП.