25. Jan 2012 15:51 Избран нов директор на Водостопанство

 Филип Филиповски дипломиран економист од Куманово е нов директор на Водостопанство „Кумановско-липковски поле„.

Thumbnail

Филиповски е избран за прв човек на претпријатието денеска, а на функцијата ќе стапи утре. Тој досега работел во приватна фирма, а бил вклучен во проект на водни зедници што го финасирала Светска бакна.

Довербата на Филиповски му ја дале 9 од 10 членови на Управниот одбот, а на конкурсот биле пријавени тројца кандидати.

Луѓе од претпријатието велат дека со изборот на Филиповски се очекува да се решат повеќегодишните проблеми со кои се соочува претпријатието, меѓу кои и цената на водата со ЈП„Водовод„.

Филиповски доаѓа на местото на Дејан Божиновски, кој пред неколку месеци не ја доби довербата на УО и беше разрешен од функцијата.