07. Jul 2010 12:39 Јовица Спасовски нов член на Советот
Јовица Спасовски од СДСМ е новиот советник во општинскиот Совет. Спасовски е од Горно Којнаре, а работи во Македонски пошти во Куманово.
Доаѓа на местото на починатиот советник Радомир Каревски.Верификацијата на мандатот на Спасовски ќе биде на триесетата седница во август.
По констатирање на престанокот на мандатот на поранешниот советник на утрешната седница, ќе ја известиме Општинската изборна комисија која треба да издаде уверение за следниот на листата, по што ќе го верификуваме мандатот на Спасовски - вели Виктор Цветковски, претседател на Советот.
Спасовски е на 14-то место на листата советници на СДСМ.
















