31. Aug 2011 13:07 Кумановец кријумчарел сомалијци
Т.А. (45) од Куманово, бил фатен во Гевгелија како кријумчари државјани на Сомалија.
Кумановецот бил откриен вчера во 02,00 часот во м.в. Сепарација, кога со своето возило „рено лагуна“ ги превезувал мигрантите. При преглед на возилото биле откриени пет сомалиски државјани кои илегално влегле од Р Грција со намера да заминат во Србија. Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
