10. Aug 2011 18:28 Кумановската полиција чека нов началник

Секторот за внатрешни работи Куманово, деновиве треба да добие нов прв човек, откако досегашниот Љубомир Ѓурчески замина во пензија.

Thumbnail

На испразнетото место се шпекулира дека повторно ќе биде донесен човек од страна, овојпат кадар од Крива Паланка. 

Досегашниот началник денеска се раздожил од полицијата и го напуштил работното место. Заминувањето на Ѓурчески е актуелно од минатат година, кога тој по основ на стаж ги исполнил условите за заминување во пензија. Како кадар на ВМРО-ДПМНЕ, остана на функцијата уште една година.

Тој во СВР Куманово дојде од Скопје во 2008 година, кога беше спроведена акцијата "Пепел" и апсењето на наркобосот Бајруш Сејдиу. Тогаш повеќе полицајци беа суспендирани или распоредени на други работни места поради блискост со Сејдиу.