24. Aug 2011 15:32 Кумановскиот синдикат по терк на европските
Регионалниот Синдикален Совет од Куманово и годинава ќе продолжи да соработува со синдикати од Европа. Според, претседателот на Регионалниот синдикален Совет, Миле Спасовски,овој тип на соработка овозможува размена на искуства, особено во делот на начинот на функционирањето на регионалните синдикати.
"И минатата година синдикатот на општи работници од Данска оствари средба со претставниците од синдикатот за индустрија, енергетика и рудаство "- вели претседателот Спасовски.
Од почетокот на соработката на ниво на државата функционираат пет подрачни канцеларии на СИЕР,а планирано е во наредниот период да се отворат дополнителни три канцеларии.
Тој додава дека на ваквите средби се потенцира важноста од функционирањето на синдикални организации на локално и регионално ниво,каде што впрочем е и базата на работниците.
Од синдикатот се задоволни од новата бројка на зачленети работници.
"Добар одзив има кај вработените во такси превозот како и кај вработените од чевларската индустрија од Куманово и Крива Паланка -информира Спасовски.
