29. Jun 2010 10:20 ЛДП организира трибина „Да се ослободиме од стравот„
Општинската организација на ЛДП вечерва ќе одржи трибина на тема „Да се ослободиме од стравот„.
Предавачи на трибината ќе бидат Нано Ружин и Весна Вулиќ. Трибината ќе се одржи во просториите на партијата во зградата на поранешен Комитет со почеток во 19 часот. Од ЛДП ги повикуваат своите членови и симпатизери да дојдат на предавањето.
















