21. Dec 2011 13:38 Лизгалиштето идеја на ЛИДЕМ
Либерално-Демократската Младина на Куманово e задоволна што конечно се отвара лизгалиште во градот, проект што тие го предложија уште минатат година.
Имено оваа идеја за прв пат беше изнесена на прес-конференција на ЛиДеМ-Куманово на 24 ноември минатат година, а како можни локации за поставување на лизгалиште ги посочивме фудбалските терени кај основното училиште „Крсте Мисирков„, Соколанскиот парк и игралиштето на Кејот. Сметаме дека овие игралишта се најпогодни, бидејќи остануваат празни во текот на зимскиот период. Наместо да се неискористени, можат да послужат за рекреација и забава на младите во градот. Сметаме дека со поставување на лизгалиштето ќе се доближи зимскиот амбиент на граѓаните на Куманово. Неколку денови потоа оваа наша иницијатива и официјално беше доставена до Советот на Општината, преку советникот на ЛДП Драган Митевски, изјави Филип Јаневиќ портпарол на кумановските Либерал-Демократи.
Младите на ЛДП се задоволни од изборот на локацијата на Кејот, бидејќи таму е и една од слободните интернет зони во градот, идеја исто така на ЛиДеМ-Куманово.
И лизгалиштето и wi-fi зоните се неизбежен дел од секоја урбана средина, а нас како ЛиДеМ ни е посебно драго што со нашите предлози и идеи придонесуваме за урбано живеење во Куманово- вели Јаневиќ.
