26. Jan 2012 16:22 Министерот Ивановски во посета на Куманово
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски утре ќе се сретне со бизнисмени во Куманово.
Во 10 часот во салата на Комитет министерот ќе има обраќање на тема Регулаторна гилотина, по што ќе посети неколку претпријатија.
Во текот на денот ќе оствари средба и со претставници на јавни претпријатија во градот.
