09. Oct 2011 18:54 Младите на ВМРО-ДПМНЕ ги чистeа спомениците од НОБ

 По повод 11-ти Октомври, Унијата на млади сили на ВМРО –ДПМНЕ Куманово организираше акција за чистење и бришење на сите натписи со кои се оштетени спомен обележјата од НОВ.

Thumbnail

Младите ги чистеа бистата на Магдалена Антова во Соколански парк, комплексот на споменици за паднатите борци спроти Центарот за култура, како и на Споменик костурница.

Со тоа сакаме да изразиме длабока почит кон сите борци кои се бореа и оние кои ги положија своите животи за слободата на Македонија. Оваа акција за чистење на спомениците се одвива во исто време на цела територија на Македонија, а во нашиот град ќе се изведува на повеќе локации.Со спроведување на ваквата акција оддаваме голема почит на загинатите борци како исклучително значаен историски чин во долготрајната народно-ослободителна борба на македонскиот народ. Културно историските споменици треба да се чуваат и одржуваат затоа што се симбол на едно минато време кое зборува за историјата на еден народ. Оваа наша активност нека биде поттик за будење на јавната свест на граѓаните во оваа наше општество, особено во нашиот град за зачување и негување на историските вредности и значењето на важните моменти и дела од минатото- рече претседателот на младите Срѓан Ивановски.

Младите на ВМРО-ДПМНЕ ги чистeа спомениците од НОБ