20. Jan 2012 16:56 Наскоро пратенички канцеларии за комуникација со граѓаните

 Во Куманово до крајот на месецот ќе започнат со работа канцеларии, во кои пратениците ќе остваруваат средби со граѓаните.

Thumbnail

Канцелариите ќе бидат сместени во Центарот за култура, а во нив ќе бидат вработени и асистенти преку кои ќе се закажуваат средби со претставниците во републичкото собрание.

Овие канцеларии требаше досега да профункционираат, но поради некои технички проблеми нивното отворање се пролонгираше.Во тек е избирање на асистенти, и затоа проектот се уште не е отпочнат. Меѓутоа сакам да ги повикам граѓаните, кои  сакаат да се сретнат со мене и да ми кажат свои ставови, тоа можат да го направат во општинската организација на СДСМ, да закажат прием. Јас и досега се среќавав со граѓаните тука- вели пратеникот Оливер Спасовски.

 Промоцијата на канцеларијата ќе биде јавна, кога ќе бидат познати и термините за средбите.