23. Sep 2011 14:47 Нормализирано водоснабдувањето

 Состојбата со водоснабдувањето во градот е нормализирана, откако двете претпријатија водостопанство „Кумановско-липковско поле„ и ЈП „Водовод„ го надминале недоразбирањето околу испораката на сирова вода. 

Thumbnail

Според информациите од водостопанство, поради намалување на водата во двете брани Липково и Глажња исклучен е системот за наводнување или т.н. бај-пас. Со вонредни напори на надлежните претпријатија,  обезбедени се дополнителни количини на вода од стариот цевковод во Филетер станицата, доволни за редовно снабдување на градот.

 Затоа од претпријатијата апелираат водата да се штеди за да не дојде до недостик во одредени делови на градот.