08. Sep 2010 09:56 Новинарско „Востание„

 Новинарите од земјата ќе ја почнат првата битка од најавеното новинарско „Востание“ под мотото „19 години независна Македонија! 19 години независно новинарство..?“.

Новинарско „Востание„

 На плоштадот Македонија денеска ќе биде поставено платно на кое новинарите и граѓаните ќе можат да напишат мислење за  состојбите во новинарството.

Платното со мислењата и впечатоците на граѓаните и новинарите потоа ќе биде истакнато на изборното собрание на ЗНМ - за да не потсетува на мислењето на јавноста , но и на нас самите за нас. - велат иницијаторите на Првото новинарско „Востание“.