29. Nov 2011 14:11 Општината ќе се поднови со коли
Општината Куманово утре ќе побара од Советот да донесе одлука за купување на два нови автомобили.
Набавката на патнички возила е за потребите на органите и општинската администрација, а ќе се отплаќаат на лизинг. По изгласување на одлуката градоначалникот е должен да спроведе јавна набавка во согласност со предвидената законска постапка.
Неофицијално се зборува дека ќе биде купено возило пасат за секретарот на Општината, и шкода фабија за потребите на останатите служби.
