21. Oct 2011 13:54 Отчетна конференција на СДСМ

 Општинската организација на СДСМ, во недела ќе одржи редовна Конференција на која во име на претседателството, извештај за работата ќе поднесе  претседателката Снежана Захариева.

Thumbnail

На конференцијата се поканети кординаторот на регионот Драги Давчевски и потпредседателката Ана Павлова Данева, сегашни и поранешни функционети и 132 делегати.

Извештајот ќе се темели на севкупните годишни активности во нашата општинска организација, и на она што беше најактуелно оваа година, а тоа се вонредните парламентарни избори. И покрај неповолните резултати на централно ниво, ние сме задоволни што Куманово остана бастион на СДСМ со освоени 19.700 гласа, за разлика од парламентарните избори во 2008 година кога имавме само 11.300 гласа. За посебен успех во нашето работење го сметам единството во извршувањето на партиските активности независно од личните релации на членовите, а разочарана сум што на дел од младите што пристапуваат во партијата основен мотив им е вработувањето, а не идеологијата- вели Захариева.

Отчетна конференција на СДСМ