03. Aug 2011 13:25 Пачков: Ќе продолжат реформите во здравството

 Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Јордан Пачков, денеска на прес конференција, обраќајки и се на кумановската јавност, опширно ги елаборираше резултите на Владата во севкупниот развој во изминатиот мандатен период, со посебен осврт на успесите во здравствената политика и на програмата за здравството во наредните четири години.

Thumbnail

„Ќе продолжи набавката на современа медицинска опрема во вредност од над 100 милиони евра, што претставува најголема инвестиција во опрема во македонското здравство во последните две децении. Во општите болници во Охрид, Куманово, Гостивар, Прилеп, Велес и Струмица, покрај стандардниот панел квалитетна дијагностичка и хируршка опрема ќе се постави и по еден 16-слајден апарат за компјутеризирана томографија во вкупна вредност на опремата од над 8,6 милиони евра. Започната е првата фаза од проектот за реконструкција и доградба на болниците во износ од 100 илјада евра што претставува најголема инвестиција во здравствената инфраструктура во последните 30 години.Предвидена е изградба на 17 амбуланти во руралните подрачја и реконструкција на 41 јавна здравствена установа, а повторно ќе бидат отворени амбулантите во околу 100 населени места во Републикава. Во наредниот период Владата на РМ ќе ги зголеми платите на здравствените работници за 22 насто. Здравствената фела и реформските зафати, цврсто сум уверен, ќе го надополнува мозаикот на уште едно успешно продолжување на новата Влада на РМ со нови персонални измени во извршната власт„ - потенцира Пачков.