09. Jul 2010 12:47 Пачков претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ
Јордан Пачков е новиот претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово
Како што неофицијално дознаваме на новата функција Пачков е назначен минатата недела. Партиски извори ни потврдија дека Пачков ја добил битката за претседател што во општинскиот комитет траеше речиси една година. Пачков доаѓа на местото на Бобан Николовски.
















