25. Jan 2012 11:12 Педесет и деветта седница на Совет

 Советниците утре ќе ја одржат првата седница на Советот во оваа година. На дневен ред ќе се најдат 9 точки, од кои неколку програми за работа на јавни претпријатија.

Thumbnail

 Дневен ред

1. Програма за работа на ЈОУ Библиотека ‘‘Тане Георгиевски‘‘ – Куманово во 2012 година;

2. Програма за работа на ЈП ‘‘Водовод‘‘ – Куманово за 2012 година;

3. Програма за работа на ЈП ‘‘Пазаришта‘‘ – Куманово за 2012 година;

4. Предлог –Оперативна програма за културни манифестации во Општина Куманово за I квартал од 2012 година;

5. Програма за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2012 година;

6. Информација за работа на комисиите за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот за правни и физички лица за пресметка на данок на имот на подрачјето на Општината Куманово;

7. Предлог – Одлука за давање согласност за склучување на Договор за соработка за воспоставување на Регионален одбор за управување со отпад во Североисточниот плански регион;

8. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на    Општина Куманово за 2012 година;

9. Барање од ЈП ‘‘Чистота и зеленило‘‘ – Куманово за давање согласност на Одлуката на ЈП ‘‘Чистота и зеленило‘‘ – Куманово за продажба на патничко моторно возило.