26. Dec 2011 13:20 Педесет и осма седница на Совет
Утре ќе се одржи последната седница на Советот на општина Куманово, за оваа година. На дневен ред се 14 точки, а најинтересна е донесување на буџетот за наредната година.
Дневен ред
1. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП ‘‘Куманово - гас‘‘ – Куманово за период од 01.07.2011 – 30.09.2011 година;
2. Работна програма на ЈП ‘‘Куманово - гас‘‘ – Куманово за 2012 година;
3. Финансиски извештај за работа на ЈП ‘‘Куманово – паркинг‘‘ – Куманово за период од 01.07.2011 до 30.09.2011 година;
4. Програма за работа на ЈП ‘‘Куманово – паркинг‘‘ – Куманово за 2012 година;
5. Програма за користење и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Куманово за 2012 година;
6. Програма за одржување на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2012 – та година;
7. Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2012-та година;
8. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2012 година;
9. Предлог – Буџет на Општината Куманово за 2012 година;
10. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2012 година;
11. Предлог – Одлука за утврдување на висина на благајнички максимум за готовинско плаќање од Буџетот на Општината Куманово за 2012 година;
12. Предлог - Одлука за донесување на Измена и дополнување на Генерален урбанистички план за град Куманово, УЕ Трета МУБ УБ 48 – Општина Куманово
13. Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Измена и дополнување на Генерален Урбанистички план за град Куманово за УЕ Проевце и дел од УЕ 1 Урбан Блок 22,23,33 и 34 – Општина Куманово;
14. Предлог – Решение за формирање на Комисија за изготвување на Предлог – Програма за работа на Советот на Општината Куманово за 2012 година
