03. Jan 2012 16:02 Погребан Киро Глигоров
Првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров денеска е погребан во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел.
Од Глигоров во капелата се простија претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, началикот на ГШ на АРМ Горанчо Котески, претставници на дипломатскиот кор, високи актуелни и поранешни политички и јавни личности, академици, претставници на Сојузот на борците и на други невладини организации.
На погребот присуствуваше и градоначалникот Зоран Дамјановски и пратеникот Оливер Спасовски.
Согласно последната желба на Глигоров, одржана е граѓанска погребна церемонија без државнички и црковни почести.
