03. Oct 2011 15:10 Пописот во Куманово и Старо Нагоричне без проблеми

Пописот во општините Куманово и Старо Нагоричане се одвива успешно. Според информациите на Комисијата на пописен реон за Куманово и Старо Нагоричане,околу 85% од пописните тимови се излезени на терен и вршат попис на населението, домаќинствата и становите.

Thumbnail

Ние сме задоволни од темпото на попишувањето и прибирањето на податоци.Веќе е надмаинат проблемот што се појави првиот ден, во комуникацијата помеѓу реонските попишувачи и инструкторите. Скоро сите тимови се комплетирани и пуштени на терен - информира Игор Божиновски претседателот на комисија за пописен реон Куманово и Старо Нагоричане.

Божиновски ги повика претставниците од јавната администрација, како и реонските инструктори и попишувачи кои не се одзвале на јавниот конкурс да си ги подигнат своите овластувања и да се вклучат во пописот, затоа што согласно законот ќе следат санкиции. Во двете општини има околу 370 пописни кругови кои ги покриваат двојно повеќе попишувачи во мешан етнички состав.