19. Oct 2011 16:32 Пратеникот Спасовски се сретна со кумановци во Кабул
Пратеникот Оливер Спасовски од Куманово, како член на Собраниската комисијата за безбедност беше дел од делегацијата на министерот за одбрана, што го посети македонскиот контигент во Авганистан по повод празникот 11 Октомври.
При тоа се сретанал со 7 офицери од Куманово и Липково, кои служат во мисијата на ИСАФ во Кабул, но и со неколку кумановци кои работат во американските бази како логистичка подршка на војската.
Тоа зе мене беше големо искуство и голем предизвик, пред се заради тоа што како држава сме испратиле 155 војници кои што учествуваат во мисијата на европските сили и НАТО за зачувување на мирот во Авганистан, заради воспоставување на нормална власт, и тие војници се нешто најдобро од Република Македонија. Вториот мотив беше заради тоа што сакав да ги видам условите во кои овие војници работат и поминуваат 6 месеци во годината, но да ги видам и условите во кои работат над 6000 наши сограѓани.Војниците од Куманово веќе знаеа дека јас ќе дојдам, што им беше многу драго и го искористија моето присуство да позборуваме за тоа што се случува во нашиот град, а истовремено и да ми кажат со какви проблеми се соочуваат - вели Спасовски.
Посетата траела две дена, а била реализирана преку Кралското воено воздухопловство на Велика Британија. Делегацијата се сретнала со генералот на ИСАФ кој искажал пофалби и големо задоволство од храброста на нашите војници. Македонските војници работат на обезбедување на главната команда на ИСАФ во Кабул.
