16. Dec 2011 16:44 Прва посета на американскиот амбасадор во Куманово
Американскиот амбасадор Пол Волерс денеска престојуваше во прва работна посета на Куманово.
При тоа се сретна со градоначалникот Зоран Дамјановски, претседателот на Советот и координаторите на советнички групи.
Амбасадорот го запознав со личната карта на градот, нашите досегашни проекти и идните заложби. Многу значајно за нашата работа е меѓународниот фактор, кој ни дава подршка не стимулира, и учествува во нашите проекти. Мислам дека овие посети се од непроценливо значење за градот, за афирмирање и етаблирање во меѓународни рамки. Се надевам ова е почеток на идната соработка и подршка од амбасадорот- рече градоначалникот.
Амабсадорот Волерс истакна дека оствариле одлична средба со градоначалникот разговарајќи на различни теми ,како и за предизвиците со кои се соочува општината.
Ние ќе помагаме на општините не само во процесот на децентрализација, туку и во развојот на инфраструктура и образованието. Слушнав од градоначалникот дека многу луѓе работат како техничка подршка на емериканската војска во Авганистан и Ирак, и ние сме благодарни за нивниот труд и подршка во мисијата-изјави амбасадорот.
Амбасадорот го посети новиот атлетски полигон на Техничкото училиште „Наце Буѓони„.
