14. Nov 2011 13:32 Ребаланс на буџетот на седница на Совет
Советниците утре ќе расправаат за вториот ребаланс на буџетот на Општината за оваа година.
Ребалансот се врши поради намалување на вкупните приходи и трошоци на Буџетот за 2011 година, а ќе се пренаменат одредени средства во други ставка и соодветни програми. Овие измени и дополнуања се во согласно со измените и дополнувања на развојните програми и програми за уредување на градежно земјиште.
На дневен ред се уште 25 точки.
1. Финансиски извештај за работа на Ј.П. ‘‘Пазаришта‘‘ – Куманово за период Јули – Септември 2011 година;
2. Предлог – Решение за давање на согласност на Одлуката на Ј.П. ‘‘Пазаришта‘‘ – Куманово за отуѓување на патничко моторно возило;
3. Предлог - Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општината Куманово за 2011 година;
4. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2011 година;
5. Програма за измена и дополнување на Програмата за работа на ЈП ‘‘Куманово – паркинг‘‘ - Куманово за 2011 година;
6. Предлог – Одлука за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти ‘‘Куманово – гас‘‘ Куманово;
7. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Куманово за 2011 година;
8. Предлог - План на програми за развој на Општина Куманово за 2012 година;
9. Предлог - Програма за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2012 година;
10. Предлог - Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за 2012 година;
11. Предлог – измена и дополна на Локален акционен план за еднакви можности;
12. Предлог – Одлука за отуѓување на патнички моторни возила сопственост на Општината Куманово;
13. Предлог – Одлука за давање согласност на ССОУ ‘‘Киро Бурназ‘‘ - Куманово за учество во прекуграничен проект ‘‘Земјоделие во прекуграничен регион – економски силен сектор‘‘;
14. Предлог – Одлука за формирање на Општински совет за превенција од малолетничко претстапништво во Општина Куманово;
15. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2011 година
16. Предлог – Решение за именување на член на Управниот одбор на Јавното претпријатие ‘‘Водовод‘‘ – Kуманово;
17. Предлог – Решение за именување на член на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиско работење на Јавното претпријатие ‘‘Пазаришта‘‘ – Kуманово;
18. Предлог – Решение за именување на претставник од Општината Куманово за член во Управниот одбор на јавната установа за деца – Детска градинка ‘‘Ангел Шајче‘‘ Куманово;
19. Предлог – Решение за именување на претставник од Општината Куманово за член во Управниот одбор на ЈОУ Ученички дом ‘‘Професор Мијалковиќ‘‘ – Куманово;
20. Предлог – Решение за именување на претставник од Општината Куманово за член на Училишниот одбор во ОСТУ ‘‘Наце Буѓони‘‘ – Куманово;
21. Предлог – Решение за именување на претставник од Општината Куманово за член на Училишниот одбор во ССОУ ‘‘Киро Бурназ‘‘ – Куманово;
22. Предлог – Решение за именување на претставник од Општината Куманово за член на Училишниот одбор во СОУ ‘‘Перо Наков‘‘ – Куманово;
23. Предлог – Решение за именување на претставник од Општината Куманово за член на Училишниот одбор во Основното училиште ‘‘Бајрам Шабани‘‘ – Куманово;
24. Предлог – Решение за именување на претставник од Општината Куманово за член на Училишниот одбор во Основното училиште ‘‘Наим Фрашери‘‘ – Куманово;
25. Предлог – Решение за именување на претставник од Општината Куманово за член на Училишниот одбор во Основното училиште ‘‘Битолски Конгрес‘‘ – с. Лопате;
26. Предлог – Решение за именување на претставник од Општината Куманово за член на Училишниот одбор во Основното училиште ‘‘Браќа Рибар‘‘ – с. Табановце.
