17. Oct 2011 16:42 СДММ: ВМРО-ДПМНЕ фрла прав во очи на граѓаните

Младите на СДСМ денеска на Градскиот плоштад одговорија на вчерашната прес-конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ,при што ги отфрлија наводите за финансиски злоупотреби и перење пари од локалната самоуправа.

Thumbnail

Презентираните наводни финансиски злоупотреби и перењето пари од страна на локалната самоуправа – Куманово немаат поткрепа во ниту еден аргумент, зад кој би стоел релевантен и овластен субјект, а за волја на вистината, за таквите наводи нема свои забелешки ни Државниот завод за ревизија. Имено, овој орган за надзор редовно ја анализира работата на Општината Куманово, а како релевантен доказ го презентираме конечниот извештај на овластениот државен ревизор, каде се наведува дека финансиските извешати ја прикажуваат вистинито и објективно финансиската состојба на општината во согласност со важечката законска регулатива. Доколку имало нешто од наведените инсинуации од подмладокот на ВМРО, повеќе од сигуно е, дека досега ќе имаше некаква судска разрешница. Очигледно, оптоварени од сопствената пракса на перењето пари во практицирањето на  државната власт, подмладокот на ВМРО,злоупотребувајќи го етерот, сака да го дефокусира вниманието на јавноста според онаа народната „ држте го крадецот“ и на тој начин истовремено на народот да му фрла плевел во очи за да му се замагли видот во пресрет на наредната, предизборна година, пред наредните локални избори -вели Младен Давидовиќ, претседател на општинската организација на СДММ.

Тој истакна дека хонорарите на музичките звезди кои имале концерти во Куманово, се исплатени законито и транспарентно, а од подмалдокот на ВМТО-ДПМНЕ побара да го почитуваат кодексот на политичко однесување и да не шират лаги и инсинуации меѓу граѓаните.