09. Nov 2011 15:48 СДСМ го честиташе празникот на градот

 Општинската организација на СДСМ  упати честитка до граѓаните, по повод претстојниот празник 11 Ноември, Денот на ослободувањето на Куманово, со желба градот да се развива модерно и европски, а притоа да го задржи својот претпозлатив дух.

Thumbnail

Нашата партија била и ќе биде препознатлива за кумановчани како партија од чии редови Куманово добило повеќе успешни градоначалници, а последните 6 години Куманово рапидно го менува својот лик и станува поубаво место за живеење.  Утре на радост на сите нас ќе биде поставен камен темелник на новиот затворен базен кај спортската сала, а во попладневните часови ќе бидат пуштени атлетските патеки кај техничкото училиште „Наце Буѓони„. Утревечер Куманово ќе слави.Градскиот плоштад биде место за дружба на сите кумановчани без оглед на национална верска и партиска припадност. Сите заедно, со музика, забава, огномет и добро расположение да му посакаме на Куманово да продолжи да биде космополитски, но и автентичен, препознатлив град со својот специфичен Кумановски дух. На сите нека ни е честит 11 Ноември, денот на ослободувањето на Куманово- изјави Снежана Захариева, претседателка на СДСМ Куманово.

СДСМ го честиташе празникот на градот