16. Dec 2011 12:48 СДСМ организира хуманитарна акција
Клубот на жени на СДСМ денеска и утре организира акција за собирање на облека за потребите на сиромашните семејстава.
Сите членови и симпатизери на партијата, како и граѓаните, кои имаат дома имаат облека и обувки кои не ги користат, можат да ги донесат во просториите на општинската организација. Облеката може да се донесе денеска попладне од 6 до 21 часот и утре претпладне од 9 до 12 часот. Собраната помош ќе ја донираме во Црвениот крст за потребите на сиромашните семејства- вели претседателката Снежана Захариева.
Хуманитарната акција се организира по повод престојните новогодишни и божиќни празници.
