05. Jan 2012 16:16 СДСМ утре пали бадников оган
Во пресрет на големиот христијански празник Божиќ, СДСМ Куманово традиционално по седумнаесети пат организира прослава на Бадник на Градскиот плоштад во Куманово со палење на бадниковиот оган.
Како и секоја година така и оваа, ќе бидат поделени 1000 лепчиња во кои ќе има 10 сребрени и една златна паричка за најсреќниот сограѓанин. За културната програма оваа година ќе се погрижи Александра Пилева со концерт во живо. Уште еднаш ги повикуваме сите граѓани на Куманово да излезат на градскиот плоштад утре во часот и заеднички да го запалиме бадниковиот оган. Ја користам можноста од името на ОО на СДСМ Куманово на сите граѓани од христијанска вероисповест да им го честитам најголемиот празник Божиќ. Христос се роди- изјави портпаролот Дарко Станојковски на денешната прес-конференција.
