19. Sep 2011 14:45 Се асфалтирааат три сообраќајници
Се асфалтираат улиците „Бранко Радичевиќ„ и „400„ во населбата Иго Тричковиќ, како и локалниот пат помеѓу селата Клечовце и Војник, кои се влезени во програмата за изградба и реконструкција на улиците за оваа година. Реконструкцијата треба да заврши до крајот на годината.
Улицата „Бранко Радичевиќ„ е во должина од 650 метри, а ќе бидат изградени два потпорни ѕида и атмосферска канализација. Проектот чини 11,5 милиони денари. Во моментов исто така се работи и на реконструкција на улицата „400„ во населбата Иго Тричковиќ во должина од 910 метри, која чини 15 милиони денари. Истотака мината недела започна и реконструкцијата на локалниот пат од селото Клечовце кон селото Војник во должина во должина од 5.6 километри,но тоа оди преку Агенцијата за државни патишта- вели Момчило Јовановски, заменик раководител во Секторот за урбанизам.
Од општината најавуваат дека се подготвува документација за реконструкција на уште неколку улици во градот.
