14. Nov 2011 12:25 Се чистеа диви депонии во Куманово и Стрновац

Граѓаните од општините Куманово и Старо Нагоричане во рамките на проектот "Заедно градиме Мулти-Еко доверба", викендов расчистуваа мини депонии во двете општини.

Thumbnail

Акцијата во Куманово се реализираше во реонот на поранешната фабрика ЧИК, додека во Старо Нагоричане се одржа во локалитетот бања Стрновац.Граѓаните  масовно се одзваа на оваа акција во која се вклучени повеќе надлежни институции од двете соседни општини.

 "Акцијата опфати собирање на смет на потегот кој ги опфаќа улиците "Страшко Симонов" и реонот околу фабриката "Реџија". Во исто време акција за собирање на смет е изведена и во локалитетот бања Стрновац во Старо Нагоричане"-вели Бобан Бојковски, инспектор за животната средина.

Акцијата се спроведе во рамките на проектот за меѓуопштинската соработка, со техничка поддршка на УНДП, а се реализира во рамките на заедничката програма на Обединетите нации "Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу заедниците". Програмата се спроведува од УНДП, УНИЦЕФ и УНЕСКО, со финансиска поддршка од Владата на Шпанија преку Фондот за остварување на милениумските развојни цели.