14. May 2010 16:12 СНП бара будност во државата

Српска напредна партија во РМ предупредува и ги повикува на будност сите политички субјекти во државата, а за најодговорни ги смета органите на власта, поради се позачестените полициски акции со кои секојдневно се откриваат огромни количества оружје.

СНП бара будност во државата

 Апелираме до МВР да не ја лаже јавноста дека ситуацијата е под контрола, кога оружје со тони и камиони се натрупува од сите страни во западниот дел на државата, каде и по толку години самостојност сеуште не се спроведува правниот ред и не функционира правна држава. Загриженоста на СНП е поголема затоа што во предходно идентична состојба 2001 година најголема штета претрпе српскиот народ кој живее во Република Македонија, при што беа етнички исчистени Србите од голем број населени места, а состојбите беа формално легализирани со рамковниот договор. За ваквото толерирање на косовизација на западниот дел од Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ со своите коалициони партнери ќе ја сноси не само политичката, туку и историска одговорност пред граѓаните на Република Македонија- се вели соопштението на Српската напредна партија.