27. Jan 2012 12:18 СНП реагира на посетата на министерот Ивановски

  Општинската организација на Српска Напредна Партија во Куманово, најостро протестира по повод активностите на министерот Ивo Ивановски, и смета дека тие се  насочени кон омаловажување на српскиот национален празник во Република Македонија „Свети Сава„.

СНП реагира на посетата на министерот Ивановски

Министерот секоја година на 27 јануари-Савинден, закажува состанок со директорите на училиштата во Куманово, во Општина која има поголема концентрација на граѓани од српска националност и  овој ден го одбележуваат како национален  празник. Со ваквиот чин извршната власт сака да ги заплаши директорите на училиштата и да им порача дека српски национален празник не треба да се прославува и дека Србите во Куманово не постојат. Српската Напредна Партија и порачува на власта, особено на министерот, дека „Свети Сава„ пред се е училишта слава и треба да се одбележи достоинствено како што им прилега на Србите- пишува во соопштението до медиумите од партијата СНП.