18. May 2010 14:07 Српскиот јазик официјален и во Старо Нагоричане

 Со едногласна одлука на сите 9 советници во Советот во Старо Нагоричичене од вчера српскиот јазик е воведен во официјална употреба во Општината. Понатаму  покрај македонскиот на сите нивоа во локалната самоуправа ќе се користи и српскиот јазик.

Српскиот јазик официјален и во Старо Нагоричане

 Од Општината Старо Нагоричане ја потврдија одлуката и посочиа дека тоа е доказ  за развојот на деморатските процеси во Република Македонија, бидејќи неодамна беше донесена иста одлука и во Советот на Куманово.

 Донесувањето на одлуката за воведувањето на српскиот јазик за втор официјален јазик во Општината го поздравија партиите на Србите во Македонија СНС и ДПСМ.

Ова е втор случај во државата , по воведувањето на српскиот и ромскиот јазик  во Советот на Куманово да се признае такво право каде бројот на населението на овие зедници е под 20 одсто.