26. Dec 2011 12:07 Стечајците заминаа на протести пред Собранието

  Стечајните работници утринава тргнаа на „Марш на очајот„ во Скопје, за да дадат подршка на пратениците кои ќе расправаат во Собранието за предлог-законот за стечајни работници.

Thumbnail

Стечајците од Куманово тргнале околу 10 часот, а кај рафинеријата во Миладиновци ќе им се приклучат и колегите од останатите градови, па зедно ќе продолжат пешки до центарот на Скопје.

Протестот за време на собраниска седница се надеваат дека ќе вроди со плод и ќе се прифати предлогот за решавње на нивниот статус да добиваат парична помош до пензинирање или повторно врабитување.