15. Nov 2011 09:26 Стојковиќ, извршен директор на ГА-МА
Горан Стојковиќ од Куманово е нов извршен директор на ГА-МА АД Скопје, откако вчера бил избран на Собранието на акционери.
На функцијата ќе стапи до крајот на неделата, откако ќе бидат завршени сите законски процедури. Горан Стојковиќ до пред два месеци беше директор во ЈП „Македонија-пат„, и е генерален секретар во Демократската партија на Србите во Македонија, која е дел од владејачката коалиција.
