19. Dec 2011 16:40 Тадиќ се сретна со Србите на Зебарњак
Претседателот на Република Србија Борис Тадиќ, при посетата на споменикот „Зебарњак„ се сретна со градоначалникот на Општината Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ.
При тоа градоначалникот му ја претставил Општината во која живее претежно српско население.
Во кусиот разговор со претседателот му ги изложив проектите кои треба да ги реализираме, економскиот потенцијал и состојбата на културното наследство во општината. Заменик министерот за култура Драган Недељковиќ му го предаде идејниот проект за обновување на Меморијалниот центар Зебарњак, од кој првата фаза треба да се реализира до 100 годишнината од битката во октомври, наредната година. На високиот гостин му подаривме и мапа со нашата Општина- вели градоначалникот Јовановиќ.
Претседателот Тадиќ истакнал дека треба да се чува културната баштина и да развива соработката на двете држави.
Во едночасовната посета на споменикот Зебаењак, претсдеталот положил венец на паднатите српски војници и се запишал во книгата на посетители.
