27. Dec 2011 17:24 Турци ќе инвестираат во Куманово
Бизнисмени од Турција се заинтересираат да инвестираат во преокти во Куманово. Ова денеска на градоначалникот му го соопштија преставници на паралментот и бизнисмени од Измир, , кои беа во посета на Општината Куманово.
"Како конкретни проекти им ги понудивме можност за развој на економска зона помеѓу селата Речица и Долно Којнаре, а постојат услови за инвестиција и во трговски центар со управна зграда во строгиот центар на градот во познатото Чоробенско ќоше"- вели Дамјановски.
Градоначалникот, истакна дека ќе се соработува и во областа на културата,образованието и економијата. Гостите велат дека се задоволии од средбата и размислуваат на повеќе начини и во различни области за соработка.
"Македонија и Турција имаат одлична соработка која се надевам дека ќе продолжи и понатаму со засилено темпо. А таа ќе пренесе и за зближување на двата града"-рече пратеникот Рифат Саит.
Во Измир има 2,5 милиони жители од кои голем број на Турци кои се преселиле од Македонија. Градот живее од туризам, металната и хемиската индустрија.
