18. Sep 2011 09:53 ВМРО-ДПМНЕ го одбележува раѓањето на Богдановски
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска со низа активности ќе го одбележи денот на раѓањето на Драган Богдановски, еден од однивачите на нивната партија.
Во 10 часот ќе се одржи панихида на Градските гробишта, а во 13 часот трибина во Центарот на култура. На трибината ќе зборува Мане Јаковлевски, еден од луѓето кои учествувале кога се формирала партијата. Најавено е присуство на повеќе партиски функционери.
