13. Sep 2011 09:33 Жените на ВМРО-ДПМНЕ дадоа отчет за сработеното
Претседателката на Унијата на жени на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Злата Божиновска, , синоќа на Годишното собрание даде отчет за сработеното во измината година.
Во салата на Народниот театар, пред бројното членство и гостите, Божиновска потсети на реализираните активности од акциониот план, а пред се на големиот број одржани трибини и хуманитарни акции. Истотака ја потенцираше улогата на жената во партијата и остварената соработката со своите колеги од Унијата на млади сили и Унијата на ветерани.
Во изминатат година унијата делуваше сплотено и единствено, а единството не научи на толерантност, флексибилност и одговорност. Токму оваа симбиоза е гаранција за успех, кој ние го постигнавме во нашето работење. Не чекаат доста предизвици во иднина. Набргу доаѓаат локалните избори, и ние мора да бидеме сплотени и единствени, бидејќи сме свесни дека Куманово заслужува многу повеќе- рече Божиновска.
На Годишното собрание присуствуваше и претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Караѓозовска, која се обрати на присутните.
