22. Dec 2011 15:56 Зоран Павловски нов председател на ЛДП?

  Зоран Павловски, раководител во Секторот за даноци во Општината Куманово, најверојатно ќе биде новиот претседател на општинската организација ЛДП.

Thumbnail

Изборот на новото раководство ќе се изврши   во сабота на петото редовно изборно собрание. Истовремено очет за работата во изминатите 4 години ќе даде досегашното раководство.

До кандидационата комисија засега имаме само еден кандидат за председател, а тоа е  Зоран Павловски. Доколку уште некој се јави ќе имаме повеќе кандидати. Ние сме задоволни од досегашната наша работа и активност, не само на локално туку и на централно ниво и се надевам дека и новото раководство ќе продолжи со успешен развој на Либерално-демокртската партија и со конкретна реализација на зацртаните проекти- вели Драган Јаневиќ.

 Изборното собрание ќе се одржи во ресторанот „Грација„ во сабота во 12 часот.