Euro Colleague
Bucen Kozjak
11. 01. 2017 13:35

Продолжува чистењето на снегот во општината

Продолжува чистењето на снегот во општината

 Сообраќајот на сите улици и патишта во општината Куманово се одвива по подмрзнати и влажни коловози во зимски  услови.

Снежната покривка во градот изнесува 16 см. и го отежнува движењето на возилата и пешаците. Минималната температура на воздухот измерена во текот на ноќта изнесувала -13,2 степена.  

Од Македонија -пат Куманово информираат сите државни патишта на територијата на општина Куманово се проодни, но препорачуваат претпазливо движење. 

Од Центарот за управување со кризи информираат дека и денеска продолжува чистењето на снегот во општината. Во приградските населби  се работи во населбите Карпош, Ајдучка чешма, Преовце, Доброшане, Бедиње и Тромеѓа. Истовремено интензивно се работи кон селата Режановце,  Градиште,  Скачковце, Колицко, Мургаш,  Кшање,  Кучкарево и Пезово, како и селото Горно Јачинце, Брзак и кон Агино село и делови од село Романовце.

ЈП „Чистота и зеленило„  работи на одржување на тротоарите во градското подрачјае.

Во Општина Старо Нагоричане собраќајот се одвива отежнато и сите планински села се блокирани со снег. Исчистен и прооден е регионалниот пат од селото Драгоманце до Кокино, патниот правец Карпош-с.Никуљане-Челопек-Старо Нагоричане. Сеуште се работи на отстранување на наносите од селата Арбанашко и Кокино и новиот пат Старо Нагоричане-Никуљане.

Во Општина Липково локалниот сообраќај се одвива редовно, отежнати се патните правци кон планинските села:Гошинце, Руница и Белановце.