Euro Colleague
Bucen Kozjak
19. 06. 2017 11:21

Сања Русеска најдобра млада актерка

Сања Русеска најдобра млада актерка

Актерката од Kумановскиот театар, Сања Русеска (29) ја доби наградата за млада актерка на 52-то издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој се одржа од 9 до 16 јуни годинава во Прилеп.

Русеска ја толкуваше улогата на Мира од претставата „Хај Фај“ во режија на Јани Бојаџи, а по текст на Горан Стефановски. За актерката Русеска, оваа награда има исклучително значење.

Кумановскиот теaтар со претставата „Хај Фај“ настапи на реномираниот фестивал на 12 јуни.

Сања Русевска, работи во Kумановскиот театар од 2013 година и досега има учествувано во претставите „Мајка Храброст“, „Брачна игра“, „Хај Фај“ и мултиетничката претстава која се реализираше како соработка на кумановскиот и театарот „Ултра“. Таа настапувала и во детските претстави „Убавицата и ѕверот“, „Пинокио“ и „Волшебникот од Оз“.