Bucen Kozjak
18. 06. 2017 22:10

Спасовски потпретседател, Димитриевски член на извршниот одбор на СДСМ

Спасовски потпретседател, Димитриевски член на извршниот одбор на СДСМ

Двајца кумановци се избрани во највисоките партиски тела на СДСМ.

Досегашниот генерален секретар на СДСМ Оливер Спасовски е еден од шестте потпретседатели на партијата.

Во извршниот одбор на СДСМ е избран пратеникот Масим Димитриевски.

На партискиот Конгрес во централниот одбор беа избрани уште тројца кумановци: градоначалникот Зоран Дамјановски, претседателот на Советот Александар Арсиќ, а во надзорен одбор Марјан Спасовски, вработен во ЈП „Пазаришта“.