Спорт
Велосипедска празнична трка
Денеска се одржа традиционалната велосипедска трка во градот, по повод празникот 11 Октомври. Трката се возеше по булеварите „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“, а учествуваа педесетина велосипедисти од десетина клубови од државата.
Фени Индустри најде центар
Американецот Термеин Форд е новото засилување на Фени Индустри. Одкако тимот од Кавадарци имаше проблеми со високите играчи по заминувањето на Кирил Николовски, Фени интервенираше брзо во наоѓање на новото решение.
Турнир на кошарка на СДММ
По повод 11 Октомври, Социјалдемократската младина на Куманово, организира турнир во кошарка. На турнирот учество ќе земат 20 екипи од месните одбори на СДСМ, кои ќе донираат по 400 денари.
Ракометарките на Куманово поуспешни од Леов Бартек
Женскиот ракометен клуб Куманово, вчера на домашен терен успеја да издвојува победа против екипата на Леов Бартек. Конечен резултат на натпреварот беше 18:17.
РК Куманово против Преспа
Ракометарите на Куманово, вечерва во Ресен ќе играат против екипата на Преспа, во четвртото коло. Раководството на клубот се надева на победа, откако во досегашните натпреварувања освоија една победа и два порази.
Мустафи и Мисини на турнирот во Косово
Боксерите, Ибраим Мустафи (60 кг) и Атхе Мисини (+91 кг) од Куманово во последен момент добија понуда да учествуваат на турнирот во Косово.
Митевски во Косово по нов медал
Младиот кумановски боксер и младински репрезентативец Никола Митевски овој викенд ќе настапи на бокс - турнир во Косово.
Кошаркарскиот Супер-куп ќе се одигра во Кавадарци
Одкако освојувачот на Купот, Работнички и шампионот Фени Индустри не успејаа да се договорат кој да бидне домаќинот на првиот кошаркарски Супер-куп, ждребката го одлучи домаќинот.
Арсенал нема шанси за титулата
Одкако многу стручњаци оваа сезона го одфрлија Арсенал од конкуренција за титулата, сега тоа го призна и Арсен Венгер.
Браќата Гасол во Барса
Марк и Пау Гасол објавија дека почнуваат да тренираат со екипата на Барселона за време на лок-аутот.
« Прва ‹ Претходна 123...111213...565758 Следна › Последна »
