18. Sep 2011 21:49 Црвената фурија ја одбрани титулата Европски првак
Репрезентацијата на Шпанија ја одбрани титулата Европски првак во кошарка освоена во Катовице, Полска. Денеска тие беа поуспешни од Франција со резултат 98:85.
Шпанците покажаа комплетна доминација во текот на целиот натпревар. Последното водство на натпреварот Франција го имаше во петтата минута, кога резултатот беше 8:10. Од тој момент до крајот на натпреварот Шпанија има целосна контрола над натпреварот. Тони Паркер и неговите соиграчи сеуште не се подготвени сериозно да и конкурираат на една репрезентација како што е Шпанија.
Најефикасен на овој натпревар беше Хуан Карлос Наваро со 27 постигнати поени, а и овој пат имаше одлична подршка од браќата Гасол. Кај Франција, Паркер постигна 26 поени.
Во најдобрата петорка се наоѓаат, Лестер Бо Мекејлеб, Тони Паркер, Хуан Карлос Наваро, Андреј Кириљенко и По Гасол.
Следното европско првенство ќе се одржи во 2013 година во Словенија.
