15. Sep 2011 13:51 Денеска се играат последните два четврт-финални дуели

По очекуваниот пласман на Шпанија и сензацијата што ја натправи Македонија, денеска во Литванија се доигруваат преостанатите два четврт-финални натпревари. Во 17:00 се среќаваат Франција - Грција, а од 20:00 Русија - Србија.

Thumbnail

Репрезентацијата на Франција е фаворит во средбата со нашиот јужен сосед. Во досегашното првенство тие забележаа само еден пораз, и тоа од Шпанија во кој не настапија двата најдобри играчи Паркер и Ноа. Младиот грчки состав е во состојба да направи изненадување, доколку Фоцис, Зизис, Борусис, Калатес дадат повеќе од својот максимум во натпреварот што престои.

Како кошаркарски еквивалент на „’рвање во кал“ е окарактеризиран натпреварот помеѓу Русија и Србија. Двете екипи ќе играат цврста, тврда кошарка во која нема да има лесни поени за ниедна екипа. Србија има пад во формата после поразот од Франција а и потешки противници во однос на Русија. Русите немаат пораз на оваа првенство, а во двете групни фази одиграа само два тешки натпревари (Македонија и Словенија). Проблем во составот на Блат може да биде што Мозгов е единствен центар во екипата, а Фриџон единствен вистински шутер. Доколку Крстиќ успее да го воведе Мозгов во проблем со личните грешки, Србија ќе има голема предност. Сепак Русија го има најдобриот крилен тандем во Кириљенко - Хријапа кој може да е клучен во овие натпревари.

Се почнува и звршува со Милош Теодосиќ кој во своите раце го држи пласманот во полуфинале или простување од натпреварувањето.

Денеска се играат последните два четврт-финални дуели